Ѓ. Петров елиминиран од ЕХФ Европскиот Куп

Екипата на ЖРК Ѓорче Петров ја заврши европската сезона со два пораза во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп.
Македонскиот првак за противник ја имаше екипата на Елче Мустанг од Шпанија, во моментов 11 пласирана екипа во првенството на Шпанија.

Двата натпревари се играа во Скопје, во салата „Јане Сандански“ , а на двата меча победи шпанската екипа.
Вчера на првиот натпревар беше 19-16, а денеска на реванш средбата Елче победи со 26-19 и се пласираше во следната рунда.

Претходно од ЕХФ Европскиот Куп, во второто коло елиминирани беа и екипите на Куманово и Чаир, а единствената активна во моментов останува екипата на Металург Автокоманда.
Ракометарките од Автокоманда следната недела ќе го играат реванш натпреварот со екипата на Сплит од Хрватска. Првиот меч одигран во Хрватска, заврши без победник (24-24).

Поврзани вести