Вардар го доби и третото дерби

Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски

По Е. Пелистер и Охрид, бодовите во Јане Сандански ги остави и Алкалоид


РК ВАРДАР 1961 - РК АЛКАЛОИД  34-28 (17-17)
Сала: „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски. Делегат: Марјан Начевски
РК ВАРДАР 1961: Валах (3 одб), Гогов (8 одб), Богдановски, Стојановски, Боно 5, Георгиевски 2, Митровиќ 4, Танкоски, Марчињак, Тузолана 2, Хориха 9, Атанасовски 1, Малус 5, Ќосевски, Јанковски 3, Борозан 3
Седмерци: 3/5 Исклучувања: 8 мин. 
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ (2 одб), Галевски (4 одб), Џонов, Тордарсон 2, Маркоски, Серафимов 9, Карасманакис 1, Стојковиќ 4, М. Митев 2, Ѓоргиев 1, Велковски, Ивановски 3, Костески 4, Д. Митев 2, Аларов, Ѓорговски
Седмерци: 4/6 Исклучувања: 6 мин.

Екипата на Вардар 1961 ја продолжи победничката серија која сега изнесува 11 победи по ред и од денеска е единствениот тим во Суперлигата не само без пораз, туку и со 100% победи. 
РК Алкалоид беше денешниот ривал во „Јане Сандански“, екипата од Автокоманда имаше сосема добри 45 минути, но во период од 10 минути комплетно го расипа впечатокот и кога беше најкритично промашуваше и на крајот го запиша првиот пораз во првенството. 

За текот и епилогот на натпреварот би рекле дека немаше изненадување. Алкалоид со играчки проблеми пристигна во Аеродром. Без Урош Борзаш, но и без Игор Ѓоргиев кој се повреди за во неделата на ЕХФ, па вечерва беше само статист и влезе многу малку во игра, а Марко Митев мора полека да се прилагодува и уште не ја има преземена диригентската палка. 
Вардар диктираше ритам во првиот дел, Хориха и Борозан главно ги решаваа сите проблеми со шутеви од дистанца, а што не можеа тие, ќе искреираше нешто Јака Малус. 
Гостите мораа да покажат многу повеќе креативност и добро им одеше. Серафимов играше во висок ритам, а функционираше и играта преку пикер, па во неколку наврати и Алкалоид се најде во водство или да брка водство, но на крајот на првиот дел беше 17-17.

Во воведните 10 минути во второто полувреме одново беше истиот ритам со тоа што Урош Митровиќ се разигра, а потоа профункцинира и нивната игра против пикер, во случајот полскиот ракометар Јанковски. 
Средбата се прекрши во 45 минута, кога Вардар поведе со плус три. Ракометарите на Алкалоид промашија во серија во клучни моменти, кога не смееја, а домашните ракометари препознаа дека се игра клучен период и без безгрешни во тој период. 
Така беше зголеме притисокот врз гостите кои влегоа во ритам на промашувања, односно Васил Гогов одлично почна да брани во серија и разликата се искачи на плус шест. Кирил Лазаров има потенка клупа за вакви дуели од Вардар, немаше во клучните моменти икс фактор во тимот и средбата заврши со највисоката предност што Вардар ја имаше од шест гола (34-28). 

Поврзани вести