Томовски повторно е најдобар во Лигата и втор пат е во идеалниот тим

фото: РФМ

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски уште еднаш, втор пат сезонава во 11 одиграни кола е во идеалниот тим на колото во Втората Бундеслига.

Мартин Томовски по втор пат сезонава имаше 20 одбрани на натпревар, овој пат против екипата на Кефелд и со вкупно 122 одбрани се врати на првото место според статистиката на голманите, со една одбрана повеќе од Паскал Бохман од екипата на Ајнтрахт кој има 121 одбана.
Мартин Томовски долго време беше статистички најдобриот голман во Лигата, но не бранеше во 10 коло, а во деветото коло имаше помала минутажа и само три одбрани и тоа го намали неговиот вкупен ефект. Но, сега е одново на првото место со една одбрана повеќе, а има и подобар процент на одбранети удари од Паскал Бохман (36,31% : 32,27%).



 

Поврзани вести