ТВ ПРЕНОС: Мелзунген - Флензбург

Останува уште еден месец до моментот кога од сцената ќе се симне клупскиот ракомет во машка конкуренција и рефлекторите ќе бидат насочени кон репрезентациите што ќе се подготвуваат и подоцна, во јануари ќе настапат на ЕХФ Еуро 2026.

Денеска низ ТВ пренос ќе може да се следи дуелот меѓу екипите на Малезунген и Флензбург. Домашниот тим, предводен од двајца вардарци со шампионски пехар во резимето, тренерот Гарсија Парондо и бекот Даинис Криштопанс сосема извесно ќе ги видиме и во февруари во Скопје на дуели со Вардар во Главната рунда од ЕХФ Европската лига.
Натпреварот ќе се игра со почеток од 20:00 часот, а директно ќе биде пренесуван на ТВ Арена Спорт 5.

Поврзани вести