Рекордни 34 од 34 на германските екипи во Европа

Photo: TSV Hannover - Burgdorf

Продолжи (невидената досега) доминација на германските екипи на европската сцена и по комплетирање на четвртото коло од ЕХФ Европската лига и осмото коло од Лигата на шампионите.

Екипите на Берлин и Магдебург имаат по осум победи во ЛШ, а екипите на Кил, Флензбург, Хановер и Мелзунген по четири победи во ЕХФ Европската лига. Овде ќе ги додадеме и двете победи на Хановер во квалификациите за ЕХФ Европската лига и доаѓаме до неверојатна бројка од 34 натпревари на германските екипи во Европа сезонава и на сите 34 натпревари запишале победа.

Поврзани вести