Екс селектор на Македонија ќе ја води Кина!

Фото: Драган Ѓукиќ - Приватна архива

Како што Mkdhandball ексклузивно дознава, на импресивната листа на европски ракометни тренери кои веќе работат со азиските селекции (Валеро Ривера – Катар, Тони Џерона – Јапонија, Рафаел Гихоса – Иран, Арон Кристијансон – Кувајт, Димитрис Димитрулас – С. Арабија, Горан Перковац – Ирак, Зоран Кастратовиќ – Јордан, Роберт Хедин – Бахреин) им се приклучи уште едно познато име, поранешен селектор на Македонија и тренер на Вардар – Драган Ѓукиќ.
Тој ја презема машката репрезентација на Кина!
Ѓукиќ во својата долгогодишна успешна кариера работеше речиси на сите меридијани и припаѓа на малубројната група на ракометни стручњаци кои воделе екипи и во машката и во женската Лига на шампиони.
Со години е официјален предавач на Европската и Светската ракометна федерација, автор е на книгата „Враќање кон корените“, тоа е книга за зонската одбрана 3:2:1 и идеен основач и раководител на проектот „Handball4all“ кој веќе 15 години ги собира најдобрите млади играчи и тренери од целиот свет.

Репрезентацијата на Кина, пак, подготовките за Азискиот шампионат што ќе се игра во Кувајт од 15-29 јануари ги почнува во четврток. Драган Ѓукиќ од штотуку завршените Национални игри во Хонг Конг, веќе селектираше 28 ракометари за финалните подготовки што ќе ги одработи во Гвангжу.




 

Поврзани вести