Гисли уште пет години во Магдебург

Photo: IHF

Можеби најсилниот ракометен колектив во светот во моментов, екипата на Магдебург одигра голем потег и потпиша нов договор со исландскиот бек Гисли Кристијансон според кој луцидниот плејмејкер ќе остане во овој клуб најмалку до 2030 година.

Гисли Кристијансон во Магдебург дојде во 2020 од редовите на Кил. Повредите му беа големиот проблем, но конечно се пронајде меѓу гладијаторите и дури и повреден одигра клучна улога во освојувањето на Лигата на шампионите во 2023 и во 2025 година.

Поврзани вести