Како ќе изгледа ЕХФ ждрепката за ГРК Охрид?

Фото: ГРК Охрид

ГРК Охрид веќе го направи најголемиот клупски успех што се однесува на играњето во Европа, а ќе има шанса да отиде и уште понапред. Охриѓани се меѓу најдобрите 16 во ЕХФ Куп, а во вторник ќе го дознате противникот со кого ќе играат во 1/8 финалето на ова европско натпреварување.
ГРК Охрид ќе биде во првиот шешир, тоа е привилегијата што ја доби македонскиот клуб откако минатата сезона Алкалоид беше победник на ЕХФ Европскиот Куп, обезбеди Македонија повисок рејтинг и на тој начин досега избегна драматични моменти во ждрепката.
И во вторник ГРК Охрид ќе има условно кажно полесен пат кон најдобрите четири, иако сега во вториот шешир ќе има две-три посериозни екипи. Унгарските Татабања и евентуално Балатон (вечерва игра реванш со Аон Фајверс од Австрија) се првите на списокот на непосакувани, потоа турскиот Бешикташ, а понатаму нема да има голема разлика, тоа се екипи што Охрид би требало да ги мине.

ЕХФ Европски Куп
1/8 финале

1. Шешир: Бањик Карвина (Чеш), Олимпијакос (Грц), Нилуфер Бурса (Тур), Целје (Сло), ГРК Охрид (МКД), Рунар (Нор), Бузау (Ром), Тримо Требње (Сло)
2. Шешир: Извиѓач (БиХ)/Дуделанж (Лук), Фајверс (Аут) /Балатон (Унг), Татабања (Унг), Дукла (Чеш), Коњух (БиХ), Брно (Чеш), БК-46 (Фин), Бешикташ (Тур)


 

Поврзани вести