Волф лут на ракометните глумци

Photo: International Handball Federation/IHF/Kolektiff

Андреас Волф, голманот на Германија и на Кил, жестоко реагираше во поткастот „Hand aufs Harz“ на засилениот тренд на реакции играчите и од клупите кои скокаат на секоја судиска одлука и прават театар.
„Има луѓе кои се комплетно неподносливи, затоа што секој пат кога ќе бидат допрени, веднаш врескаат, драматично паѓаат и веднаш се обидуваат да извршат притисок врз судиите“, изјави Волф, а не ги поштеди ниту колегите голмани.
„Имавме ситуации кога јасно се гледа дека топката го погодува во рамо, но тој почнува да вреска, се фаќа за лице и се обидува да го убеди судијата дека е погоден со топката во лице“. За што се буните? Удрени сте со топка или што? Навистина преку глава ми е тоа тоа“, изјави Волф и дообјасни дека во ред е во жарот на борбата да се реагира. Но, ако тоа се прави намерно да се издејствува пенал или исклучување – на тоа не му е местото во ракометот.
„Ракометот може да биде груб, но мора да биде фер. Тоа што не е фер, не смее да припаѓа во ракометот“.

Поврзани вести