ТВ ПРЕНОС: СЕСВЕТЕ - ВАРДАР и три средби од ЕХФ Лига

Ќе се запише ли уште денеска Вардар 1961 меѓу учесниците во Главната рунда на ЕХФ Европската лига? На едно коло до крајот, Вардар е на првото место на табелата со шест бода, зад него се Кристијанштат и Сесвете со пет бодови и отпишаниот Тулуз кој нема освоено бод. 
Ако Вардар 1961 денеска како гостин во Хрватска го совлада тимот на Сесвете, тогаш математички ќе биде пласиран во следната рунда. 
Со нерешен резултат или со пораз, работата ќе мора да ја доврши во последното коло кога во Скопје ќе гостува екипата на Тулуз. 

Денеска според објавената програмска шема, ќе можат да се следат четири натпревари од ЕХФ Европската лига. Покрај дуелот во Хрватска, прв пат ќе може да се видат и екипите на Баја Маре од Романија и словенечниот првак Слован, потоа српско-хрватското дерби меѓу Партизан и Нексе, а во вечерниот термин и почетокот на разврската во групата „Х“ во која покрај Партизан и Нексе, ќе се сретнат Адемар Леон и Кадетен Шафхаузен. 

ЕХФ ЕВРОПСКА ЛИГА
18:45  Партизан - Нексе (ТВ Арена Спорт 2)
18:45  Баја Маре - Слован (ТВ Арена Спорт 3)
20:45  Сесвете - Вардар 1961 (МТВ -3, ТВ Арена Спорт 5)
20:45  Адемар - Кадетен (ТВ Арена Спорт 6)

Табели:
Група „Ф“: Вардар 1961 (6), Кристијанштат (5), Сесвете (5), Тулуз (0)
Група „Х“: Нексе (5), Кадетен (4), Партизан (4), Адемар (3)
 

Поврзани вести