Следната пречка на Охрид е во Чешка

Фото: ГРК Охрид

ГРК Охрид, македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот Куп го доби противникот во 1/8 финалето од натпреварувањето каде што актуелен шампион е македонски клуб, РК Алкалоид. 

ГРК Охрид има реални шанси сезонава во име на македонскиот ракомет да го одбрани пехарот и да го подобри клупскиот рејтинг на Македонија во пресрет на големите промени што ќе следат следната сезона со реорганизацијата на ЛШ и ЕХФ Европската лига. 

Охриѓани без проблем и доминантно минаа низ две пречки, азербејџанскиот тим Баки и Слога Добој од БиХ и за влез меѓу најдобрите осум ќе се борат со екипата на Дукла Прага од Чешка.

Овие натпревари ќе се играат во февруари 2026, по завршувањето на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка. 

 

Поврзани вести