Вардар завери Главна рунда во ЕХФ Лига

Фото: РФМ


МРК СЕСВЕТЕ – РК ВАРДАР   24 - 38 (12-23)
Думенчиќ 5, Хрсак 4 – Митровиќ 7, Јанковски 6


Македонскиот вицепрвак Вардар 1961 го верификуваше пласманот во Главната рунда на ЕХФ Европската лига со доминантна победа над екипата на Сесвете, како гостин во Хрватска.
Немаше рамноправна борба на овој натпревар, Вардар ја презема контролата многу рано, практично од почетокот на натпреварот.
Поведоа ракометарите на македонскиот тим со 4-1, набрзо стана 10-4 и хрватските ракометари по дваесетина минути се практично кренаа раце од овој натпревар.
Уште пред да заврши првиот дел разликата се искачи на десет гола разлика (20-10), а на полувреме резултатот беше 23-12.
Во второто полувреме продолжи доминацијата на ракометарите на македонскиот клуб, тренерот Чупиќ шанса даде на сите играчи и сите коректно си ја одработеа до крајот работата, сите се запишаа во листата на стрелците и победија со конечни 14 гола разлика.
Со оваа победа Вардар е и теоретски пласиран во Главната рунда на ЕХФ Европската лига, а дали покрај Вардар ќе се пласираат Кристијанштат или Сесвете ќе зависи од нивниот меѓусебен последен меч што ќе го играат во Шведска.

 

Поврзани вести