ТВ ПРЕНОС: Е. Пелистер - Магдебург, Алборг - Нант и Светско првенство жени

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска во Битола ќе игра меч од Лигата на шампионите против европскиот првак Магдебург. Битола е на нозе и вечерва на Германците ќе им бидат сервирани специјалитети од менито на најракометниот град.
Мечот почнува во 20:45, а ќе биде директно пренесуван на МТВ-3 и на ТВ Арена Спорт 4.
Во терминот од 18:45 часот, пак, ќе може да се следи данскиот Алборг против францускиот Нант.
Денеска почнува и Светското првенство во женска конкуренција, а во ТВ понудата има четири натпревари од првиот натпреварувачки ден.

ТВ ПРЕНОСИ
ЛИГА НА ШАМПИОНИ - МАЖИ
18:45 Алборг – Нант (ТВ Арена Спорт 4)
20:45 Е. Пелистер – Магдебург (МТВ-3, ТВ Арена Спорт 4)

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО - ЖЕНИ
18:00 Германија – Исланд (ТВ Арена Спорт 5 Премиум)
18:00 Шпанија – Парагвај (ТВ Арена Спорт 5)
20:30 Србија – Уругвај (ТВ Арена Спорт 5 Премиум)
20:30 Ц. Гора – Ф. Острови (ТВ Арена Спорт 8)

Поврзани вести