Германците запишаа прв пораз по 37 меча

РК Алкалоид/Роберт Спасовски

Запишан е првиот пораз на германска екипа во Европа сезонава! Во вкупно 38 одиграни натпревари на шест германски екипи во Лигата на шампионите и ЕХФ Европската лига, бундеслигашите имаат скор од 37 победи и само еден пораз.

ТСВ Хановер – Бургдорф беше поразен и тоа домашен терен од данската Фредериција (31-34) и стави крај на неверојатната серија на Германците сезонава.
Нивната доминација, како и да е, не е прекината. Кил, Флензбург и Мелзунген победија и во петтото коло, а и Хановер кој беше поразен уште пред две кола имаше обезбедено пласман во Главната рунда.



 

Поврзани вести