Загреб против Е. Пелистер без најважниот играч

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Хрватскиот шампион Загреб во пресрет на дуелите со Пик Сегед и Е. Пелистер остана без својот најдобар играч, бекот Лука Ловре Кларица.
Кларица е повреден, сѐ уште нема финална дијагноза, но според хрватските медиуми, реално сценарио е дека настрадале лигаментите на стапалото и дека му се заканува пауза од месец и пол што го става под голем прашалник и неговиот настап на Европското првенство во јануари.
Загреб, сосема извесно без Кларица во составот ќе го пречека тимот на Е. Пелистер на трети декември.
Тој меч е од исклучителна важност за македонскиот клуб затоа што со евентуална победа, ќе ги задржи шансите за пласман во елиминациите на Лигата на шампионите. Загреб е отпишан, тој е единствениот клуб во Лигата на шампионите што нема освоено ниту еден бод. Токму дуелот со битолчани го гледаат како најдобра шанса да освојат први бодови.

Поврзани вести