СП ЖЕНИ: Фарски ја шокираа Шпанија!

Photo © IHF

Фарски острови продолжија демонстрација на брз, транзициски ракомет и во женска сениорска конкуренција и вечерва на Светското првенство што се одржува во Германија и Холандија приредија првокласна сензација по победа (27-25) над репрезентацијата на Шпанија.

Малата островска држава на тој начин и во женскиот ракомет се приклучи кон земјите што квалитетно работат во овој спорт и го покажуваат вистинскиот пат кон модерен и убав за око (спонзори) финален продукт.

Јана Митун (6/9), сестра на познатата млада машка ѕвезда на ГОГ, Оли Митун, во улога на плејмејкер ја организираше играта на девојките од Фарските острови. Покрај неа, голманот Ракел Вардум (15 одбрани) и играчот на натпреварот Пернил Брандерборг (7/7) беа творци на првото големо мундијалско изненадување и на исторската прва победа на СП во историјата на Фарски острови.


 

Поврзани вести