ТВ ПРЕНОС: Охрид - Вардар, Данска - Хрватска, Минден - Магдебург

Денеска одново е ден богат со ракометни настани, а на сцената ќе биде и македонската Суперлига која викендов ќе понуди два дерби меча меѓу екипите од големата четворка.
Охрид втор пат ќе игра на дерби меч на домашен терен, вечерва од 19:30 часот гостин ќе му биде екипата на РК Вардар 1961. Утре во Битола ќе се сретнат екипите на Е. Пелистер и Алкалоид. 

По вчерашниот супер меч меѓу Ајзенах и Кил на кој видовме дека и екипите од долниот дел на Бундеслигата не се статисти и освојуваат бодови против фавритите, денеска ќе го гледаме Минден на натпревар со вицепрвакот Магдебург. 

Од мундијалот во женска конкуренција, преноси ќе има од три меча, меѓу кои дерби е дуелот меѓу Данска и Хрватска. 

МАКЕДОНСКА СУПЕРЛИГА МАЖИ
19:30  ГРК ОХРИД - РК ВАРДАР 1961 (МТВ-3)

БУНДЕСЛИГА
19:00  Минден - Магдебург (ТВ Арена Спорт 3)

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЖЕНИ
18:00 Бразил - Чешка (ТВ Арена Спорт 6)
20:30  Данска - Хрватска  (ТВ Арена Спорт 5)
20:30  Иран - Унгарија (ТВ Арена Спорт 6)

Поврзани вести