Романија без натурализираните на ЕП 2026

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Помина рокот за пријавување на списоците со ракометари од кои селекторите на 24-те европски репрезентации ќе можат да селектираат играчи за настап на ЕП 2026.
Широките списоци имаат по 35 ракометари и во суштина не откриваат многу додека не бидат преполовени, но некои детали не можат да се сокријат.

Репрезентацијата на Романија која е противник на Македонија во третото коло од групната фаза на ЕП на поширокиот список смести речиси сѐ што можеше да се смести. Таму се и повредениот Григорас, ветераните Милитару и Ракотеа и новата ѕвезда – Станчуик.

Но, селекторот на романскиот тим Георге Буричеа, на списокот не ги смести натурализираните ракометари ниту како резерври. Потегот е очекуван, но сепак вреди да се одбележи затоа што за романската репрезентација право за настап имаат Хавиер Хумет и двајца добро познати ракометари на македонската јавност – некогашниот вардарец Анте Кудуз и голманот на Е. Пелистер - Сеид Хеидарирад.

Поврзани вести