Пинто и Еспиња на португалскиот список за ЕП 2026

Фото: РК Вардар 1961

Двајца ракометари од актуелниот состав на РК Вардар 1961 се најдоа на поширокиот список на селекторот на Португалија, Пауло Переира, за настап на ЕП 2026 каде што во второто коло Португалија ќе игра против Македонија.

Голманот Мигуел Еспиња и десното крило Мигуел Пинто се на списокот од 35 ракометари на Переира од кој ќе се селектира финалниот ростер.
Мигуел Еспиња сигурно нема да биде дел од скратениот список. Голманот е повреден и долго време е надвор од строј, а дури и кога би се вратил на терен, тешко дека ќе се избори за место во конкуренција на Густаво Капдевил и Диого Рема кои треба да бидат првите два голмани.

Мигуел Пинто е физички здрав, но тешко дека и него ќе го видиме на скратен список со оглед на тоа дека конкуренција му се двајца условно кажано легендарни ракометари – Антонио Ареја и Педро Портела.

На списокот на Перериа го нема кубанскиот пикер Алексис Борхес од Бенфика, но запишан е другиот кубански пикер – Виктор Итуриза кој веројатно ќе му прави друштво на првиот линиски напаѓач, Луиш Фраде од Барса.

Поврзани вести