ТВ ПРЕНОС: ЛШ, БУНДЕСЛИГА, СП 2025

Лига на шампиони, Бундеслига и Светско првенство во женски ракомет денеска во ТВ понудата. Пет натпревари на ТВ Арена каналите ќе бидат директно пренесувани, а денот ќе почне со дуел од мундијалот меѓу репрезентациите на Србија и Фарски острови, двата тима за кој заеднички именител е победа над репрезентацијата на Шпанија која и на двата меча влезе како фаворит.

Лемго и Гумерзбах се двете годинешни ракометни освежувања во Бундеслигата. Денеска ќе може да се следи екипата на Лемго која по сензационалната победа над шампионот Фуксе Берлин на гости минатото коло, денеска на домашен терен ќе игра против Флензбург.
Во Лигата на шампионите, ќе може да се следи уште еден бундеслигаш, европскиот првак Магдебург на домашен терен ќе игра против ПИК Сегед, од групата во која игра и македонскиот првак Еурофарм Пелистер.

ТВ ПРЕНОС
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
20:45 Магдебург – ПИК Сегед (ТВ Арена Спорт 5)

БУНДЕСЛИГА
19:00 Лемго – Флензбург (ТВ Арена Спорт 5)

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЖЕНИ
15:30 Србија – Ф. Острови (ТВ Арена Спорт 1 Премиум)
18:00 Црна Гора – Германија (ТВ Арена Спорт 7)
20:30 Шпанија – Исланд (ТВ Арена Спорт 7)
 

Поврзани вести