Фото: РК Алкалоид
Поранешниот селектор на Македонија и тренер на Вардар, Раул „Ел Команданте“ Гонзалес, сега во улога на селектор на Србија, заедно со поранешниот македонски репрезентативец Немања Прибак сега во улога на тренер, составија список од 35 ракометари со кои Србија ќе настапи на ЕП 2026 следниот месец.
Србија исто како и Македонија, на ЕП ќе игра во данскиот град Хернинг, но тие се во групата „А“ заедно со репрезентациите на Шпанија, Германија и Австрија.
Раул Гонзалез на својот поширок список има дури девет ракометари кои играат или играле во Македонија, а дел од нив токму од македонските клубови беа лансирани во светските ракометни височини.
Од ракометарите кои во моментов играат во Македонија, на списокот на Раул Гонзалез се наоѓаат Урош Борзаш, Илија Абутовиќ, Урош Митровиќ и Дарко Ѓукиќ. По еден од сите клубови од големата четворка.
Од ракометарите што играле во македонското првенство, на спискот се Марко Срдановиќ, Мијајло Марсениќ, Вања Илиќ, Стефан Додиќ и Дејан Милосављев.
Поврзани вести