Хориха на поширокиот список на Украина

Фото: РК Вардар 1961

Иако веќе 2.5 години не настапува за репрезентацијата на Украина, левиот бек на Вардар 1961, Димитро Хориха се најде на поширокиот список на селекторот Вадим Бражњук за претстојното Европско првенство што во јануари заеднички ќе го организираат Данска, Норвешка и Шведска.

Димитро Хориха од неодамна има и македонски пасош и изрази подготвеност да игра за репрезентацијата на Македонија како натурализиран ракометар. Тој засега не ги исполнува критериумите, а тоа се 36 месеци пауза од последниот настап за репрезентацијата на Украина и 36 месеци да живее на територијата на Македонија. Ако биде договорено во иднина да игра за нашата репрезентација, тогаш ќе треба да ја продолжи паузата од настапите за Украина и да го чека денот кога и вториот услов ќе биде исполнет.










 

Поврзани вести