Е. Пелистер го смени тренерот Рубен Гарабаја

Актуелниот првак на Македонија, РК Еуорфам Пелистер и шпанскиот тренер Рубен Гарабаја продолжуваат секој по својот пат. Тој понуди оставка, таа е прифатена и денеска ја прекинаа соработката. 

Не помина ниту еден месец откако актуелниот првак на Македонија, Еурофарм Пелистер го одигра својот најдобар меч во последните години во Лигата на шампионите и го совлада тимот на ПИК Сегед, битолчани продолжуваат без тренерот Рубен Гарабаја и на дербито со Вардар 1961 што е на распоредот за пет дена ќе имаат нов тренер.
Рубен Гарабаја не го дочека ни крајот на годината на клупата на Еурофарм Пелистер. По споменатиот меч со ПИК Сегед, битолскиот клуб гостуваше кај истиот противник и беше поразен со 14 гола разлика. Потоа очекувано беше поразен од европскиот првак Магдебург, а потоа следеше можеби клучниот момент, дуелот со Алкалоид, на која.
Приказната се заокружи со гостувањето во Загреб каде што Е. Пелистер почна одлично, за 10 минути поведе со 5-1 и имаше неколку шанси да го зголеми водството, но во следните 50 минути беше сосема друг тим и на крајот беше поразен и практично ги загуби шансите за евентуален пласман во Плејоф.
 

Сакам да потенцирам дека по натпреварот со Алкалоид не почувствував поддршка од амбиентот. Очекував реакција во Загреб, но со оглед на тоа што таа реакција не дојде, се одлучив да ја понудам мојата оставка. Сметам дека мое заминување во овој момент ќе предизвика позитивна реакција кај тимот и ракометарите. Сакам да им се заблагодарам на сите ракометари, со кои имам одличен однос, и да им посакам успех во продолжение на сезоната. Голема благодарност до клубот за ова мое искуство и многу среќа во иднина, изјави Гарабаја.


Многу замерки имаше во јавноста за начинот на кој Шпанецот го водеше клубот. Ротациите, „недовербата“ во дел од играчите кои малку беа користени итн. Замерки имаше и претходно, но по дуелите со Алкалоид и Загреб тргна лавината која го однесе Гарабаја.
Многу брзо ќе дојде дербито со Вардар во Битола, па нема да чекаме многу за да видиме дали смената на тренерот ќе им донесе нова енергија и адреналин на битолските ракометари.




 

Поврзани вести