Шундовски на жешкото столче во Битола

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Турбулентно е денеска во Еурофарм Пелистер и ракометна Битола. На само пет дена до натпреварот со Вардар 1961 што ќе се игра во Битола и каде што може да биде генерирана предност во трката за шампионскиот пехар, оставка поднесе тренерот Рубен Гарабаја, а клубот ја прифати и ќе има нов тренер за големото дерби, вклучително до крајот на сезоната. 

Звонко Шундовски седнува на жешкото столче во клубот. Не му треба прилагодување, тој е директор на клубот и до детал знае што се случува таму, вклучително со можностите и формата на играчите. Таа функција ќе ја извршува до крајот на полусезоната, а тоа заедно со денешниот меч со Струга на кој ќе дебитира се вкупно четири натпревари што ќе бидат одиграни во рамки на 15 дена. 

Еурофарм Пелистер го потврди неговото назначување: 

По оставката на досегашниот тренер на РК Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја, до крајот на полусезоната екипата ќе ја води директорот на клубот, Звонко Шундовски.
Пред клучните натпревари од сезоната 2025/2026, Звонко повторно храбро и несебично ја презема одговорноста за тимот, како и многупати досега кога било најпотребно, сè до назначувањето на нов тренер.
Ги повикуваме сите вистински љубители на ракометот, како и битолската јавност, да застанеме обединето зад нашиот клуб во претстојните предизвици.
Да покажеме што значи љубов кон клубот, кон ракометот и кон Битола.

Поврзани вести