Гарабаја веднаш добил понуда од Адемар

Фото: Mkdhandball

Рубен Гарабаја и Еурофарм Пелистер вчера објавија дека ја прекинуваат соработката, откако клубот ја прифати оставката на шпанскиот тренер по мини серијата на лоши резултати со која во пресрет на дербито со Вардар беше нарушена (само)довербата и беше внесен немир посебно во јавноста, која по доста параметри кога се работи за Битола е специфична.
Уште веднаш, вчера, Рубен Гарабаја бил контактиран од некогаш силниот шпански клуб Адемар Леон. Тој сега е клуб што веќе не е многу конкурентен, но има своја база и систем и си го носи својот товар чекајќи подобри времиња.
Нивниот актуелен тренер, Даниел Гордо не се согласил за нов договор и во Леон бараат тренер за следната сезона, а Рубен Гарабаја им е новата опција што ненадејно им се отвори, а со оглед на брзината со која реагирале, се чини ќе сакаат да ја искористат.





 

Поврзани вести