СП 2025: Србија, Шпанија или Ц. Гора, кој оди во 1/4 финале?

Photo: IHF 

Данска, Унгарија, Германија, Норвешка и Бразил се репрезентациите што веќе обезбедија пласман во 1/4 финалето на Светското првенство во женска конкуренција што се игра во Германија и Холандија.
На добар пат тоа да го сторат се и репрезентациите на Франција и Холандија, а денеска ќе се играат двата клучни натпревари за последното место во мундијалскиот Топ 8.
Шпанија ќе игра против Германија, а клучниот натпревар ќе биде дуелот меѓу репрезентациите на Србија и Црна Гора што почнува во 15:30 часот.
Во најдобра ситуација е репрезентацијата на Србија на која и е доволен бод за се пласира во нокаут фазата. Црна Гора мора да победи, но и да чека победа или реми на Германија. Комбинацијата на Шпанија е да победи и да чека пораз на Србија.








 

Поврзани вести