Германија е првиот полуфиналист на СП 2025

Photo: IHF

ГЕРМАНИЈА – БРАЗИЛ 30-23 (17-11)
Филтер (14 одб), Дол 6, Фогел 5 – Аруда (10 одб), Бруна де Паула 6


Репрезентацијата на Германија, еден од организаторите на СП 2025, се пласираше во полуфиналето на мундијалот откако вечерва на првиот 1/4 финален меч, без поголеми проблеми славеше победа над селекцијата на Бразил (30-23).
Германките поведоа со 4-1 и 8-3 по 12 минути игра и јасно ставија со знаење кој е фаворитот во полната Вестфаленхале во Дортмунд. Бразил, само за момент се врати (7-9), по што Германките уште еднаш демонстрираа повисока класа и на полувреме заминаа со предност од 17-11.
Во второто полувреме, сѐ до 55 минута немаше помала резултатска разлика од пет гола. Но, откако Бразил намали на 22-25, следуваше експрено нова серија на Германија со која беше ставен печат на победата.

МВП играчот на Кадетското СП во Македонија 2014, Емили Фогел со пет гола и Антје Дол со шест гола беа најдобрите стрелци во германскиот тим, додека кај бразилската селекција единствената што отскокна беше Бруна де Паула, со шест погодоци.

Поврзани вести