ТВ ПРЕНОС: Е. ПЕЛИСТЕР - ВАРДАР, СП 1/4 ФИНАЛЕ, БУНДЕСЛИГА

Фото: РК Вардар 1961

Е. Пелистер денеска ќе го пречека тимот на Вардар 1961 во првото дерби што овие два тима ќе го играат во Битола сезонава. 
Развојот на настаните во Суперлигата е таков што домашниот тим кој е и бранител на шампионскиот пехар не смее да си дозволи пораз. Ако, пак,  Вардар победи, тогаш црвено црните ќе имаат шест бода предност пред Е. Пелистер, а таа предност во пресрет на пролетниот дел може лесно да биде и капитална во битката за титула. 

Натпреварот ќе се игра со почеток од 18:00 часот, директен пренос ќе има на МТВ-3. 

На Светското првенство во женска конкуренција што се игра во Германија и Холандија, денеска ќе се комплетира 1/4 финалето со натпреварите меѓу Данска и Франција, односно Холандија и Унгарија. 

Дерби има и во Бундеслигата, Магдебург го пречекува тимот на Мелзунген. 

ТВ ПРЕНОС:
СУПЕРЛИГА
18:00  ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР - ВАРДАР 1961  (МТВ-3)

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
18:00  ХОЛАНДИЈА - УНГАРИЈА (ТВ АРЕНА СПОРТ 4 ПРЕМИУМ)
21:00  ДАНСКА - ФРАНЦИЈА (ТВ АРЕНА СПОРТ 3)

БУНДЕСЛИГА
20:00  МАГДЕБУРГ - МЕЛЗУНГЕН (ТВ АРЕНА СПОРТ 6)



 

Поврзани вести