СП 2025: Холандија се пласираше во полуфиналето на СП

Photo: IHF

Репрезентацијата на Холандија се пласираше во 1/2 финалето на Светското првенство откако денеска во мундијалското 1/4 финале ја совлада репрезентацијата на Унгарија со 28-23.

Холандија која е еден од организаторите на Светското првенство заедно со Германија која исто така се пласираше во 1/2 финалето, ќе биде домаќин на финалниот викенд. Во Ротердам ќе се поделат мундијалските медали.
Распоредот на репрезентациите е таков што Холандија во 1/2 финалето ќе го добие најнезгодниот противник – репрезентацијата на Норвешка.

Германија, пак, во полуфиналето ќе игра со победникот од вечерашниот дуел меѓу Франција и Данска.

Поврзани вести