УО на РФМ ги анализираше репрезентациите

Фото: mkdhandball

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија денеска го одржа својот втор состанок откако актуелното раководство го презема водењето на ракометот. Денешните дискусии се однесуваа на репрезентациите, нивните активности во минатиот период и плановите во кои централното место го зазема настапот на машката сениорска репрезентација на Европското првенство во Данска во јануари следната година. 

РФМ беше активен со сите репрезентации кои учествуваа на квалификациски турнири, ЕХФ Еуро (жени У19) и пријателски турнири и натпревари од месецот мај па досега.
Детален извештај и резиме за работатата на младинските репрезентации поднесе координаторот Филип Миркуловски. Сите извештаи беа усвоени и со оптимизам се гледа кон напредокот на младинските репрезентации. За сениорската машка репрезентација зборуваше селекторот Кирил Лазаров. 

„Иако бевме некомплетни, успеавме да се пласираме на ЕП и да го задржиме континуитетот. Ја променивме генерацијата и направивме силна база на играчи и тоа е многу важно за иднината на македонскиот ракомет. 
Во соработка со РФМ уште од летото имаме изработен план. Во неколку фази се одвиваат подготовките, ќе одиграме неколку контролни натпревари и шанса ќе добијат сите ракометари.
На 28 декември ќе играме со Хрватска, светскиот вицепрвак. По Нова година ќе одиме на турнир во Швајцарија, ќе учествуваме на Јелоу Куп на кој ќе играме со Бахреин, Украина и Швајцарија. Од таму ќе одиме во Данска и ќе се обидеме да организираме уште еден меч таму“, изјави селекторот на машката репрезентација Кирил Лазаров.


 

Поврзани вести