ТОП ВЕСТИ: Симиќ се откажа од ЕП, ОАЕ имаат нов селектор, Кил доби засилување

Photo: UAE Handball Federation

Одредени се термините за полуфиналните натпревари од Светското првенство во женска конкуренција. Утре со почеток од 17:15 часот ќе играат Германија и Франција, а во терминот од 20:45 часот ќе се сретнат Холандија и Норвешка.

По консултации со доктори, физиотерапевти и советници, црногорскиот голман Небојша Симиќ реши да го одложи враќањето на терен за следната година. Со тоа и дефинитивно потврди дека нема да брани за Црна Гора на претстојното Европско првенство во 2026.

Браќата Франциско и Мартим Кошта комбинираа заедно 20 гола (12+8) на дерби натпреварот меѓу екипите на Порто и Спортинг што заврши со победа на гостинската екипа од Лисабон (36-32) со што Спортинг најави продолжување на доминацијата во Португалија и за тековната сезона.

Португалскиот тренер Роландо Фреиташ е новиот селектор на машката репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Фреиташ во своето резиме има запишано извршување на селекторка функција на репрезентацијата на Португалија (2021-2016) и на репрезентацијата на Јужна Кореја (2022).




Дејан Бомбач постигна два гола, имаше една асистенција и пет технички грешки во дебито за Лајпциг, но неговата нова екипа ја запиша првата победа во Бундеслигата сезонава. Лајпциг со 29-27 го совлада Хамбург и се израмни со бројот на бодови (5) на делба на (прет)последното место со екипата на Вецлар каде што Момир Илиќ го чекаат тешки денови на клупата.

Екипата на Кил ќе биде значително посилна во продолжението на сезоната затоа што по шестмесечна пауза во екипата се врати повредениот Хенрик Пекелер.







 

Поврзани вести