Момир Илиќ поднесе оставка во Вецлар

Photo: SEHA League

Српскиот тренер Момир Илиќ ја заврши својата авантура во бундеслигашкиот клуб Вецлар уште пред да заврши календарската година. Тој поднесе оставка на позицијата тренер, а заедно со него и неговиот асистент Владан Јордовиќ. 

Илиќ и Јордовиќ дојдоа во Велцар на почетокот на сезоната, а од клубот си замина Филип Миркуловски кој со години ја вршеше улогата на асистент повремено и на прв тренер. 
Почна солидно српското дуо, освоија пет бода во првите шест натпревари, но потоа следуваше серија од 11 порази по ред со што Вецлар се најде на последното место, каде што со пет бода го делат „фенерот“ со екипата на Лајпциг. 

Последниот пораз од десет гола разлика на домашен терен од екипата на Хановер-Бургдорф беше знак дека работите нема да се променат и тренерскиот тандем се одлучи да го одигра последниот потег. 

 

Поврзани вести