ТВ ПРЕНОС: Полуфинале на СП 2025!

ТВ ПРЕНОС
17:45  ГЕРМАНИЈА - ФРАНЦИЈА (ТВ АРЕНА СПОРТ 5 ПРЕМИУМ)
20:45  ХОЛАНДИЈА - НОРВЕШКА (ТВ АРЕНА СПОРТ 5 ПРЕМИУМ)


Германија против Франција, односно Холандија против Норвешка. Двата полуфинални дуели од Светското првенство во женска конкуренција се денеска на распоредот, а викендов ќе го добиеме и новиот светски поредок вклучително со новиот светски шампион. 

Завршниот викенд се игра во Холандија, во Ротердам, салата ќе биде полна имајќи предвид дека секогаш кога играше Холандија тоа беше така. 
Норвешка е топ фаворитот за златото, а Холандија се екипата што има најмногу шанси, на хартија, да ги запре. Не е реткост и фаворитите да потфрлат на вакви натпревари особено кога има доста нови играчи во тимот. 

Двата полуфинални натпревари ќе бидат директно пренесувани на ТВ Арена Спорт 5 Премиум каналот. 

Поврзани вести