Шпанец ќе го менува Прокоп на клупата на Хановер

Photo: TSV Hannover - Burgdorf

Шпанскиот тренер Хуан Карлос Пастор ќе биде новиот тренер на бундеслигашот Хановер-Бургдорф од следната сезона.
Германската екипа годинава го елиминираше македонскиот Алкалоид од ЕХФ Европската Лига, но нивните резултати во продолжението на сезоната не беа на нивото од ланската сезона што доведе до спогодба со актуелниот тренер Кристијан Прокоп за прекинување на соработката во јуни следната година.
Оттогаш се споменуваа многу имиња како кандидати за нов тренер, а меѓу нив беше и Карлос Пастор кој на крајот и се договори со клубот.
Пастор во својата кариера беше тренер на Ваљадолид (1995-2004) и Пик Сегед (2013-2023) и селектор на Шпанија (2004-2008) и на Египет (2023-2025).

Поврзани вести