Photo: Svenska Handbollslandslaget
Селекторот на репрезентацијата на Шведска, Микаел Апелгрин е првиот кој го објави скратениот список на ракометари со кои ќе настапи на Европското првенство во 2026 во кое Шведска е еден од тројцата организатори.
Три сегменти го привлекоа вниманието на ракометните познавачи во скандинавијата.
Првиот се двајцата дебитанти – Аксел Мансон кого го гледавме во дресот на Кристијанптат на дуелите со Вардар и за кого понуди спремаат повеќе екипи, со данскиот Хој на врвот на тој список. Вториот дебитант на ЕП од редовите на Шведска ќе биде Никола Рогановиќ кој веќе има потпис на договор со Гумерзбах за следната сезона.
Вториот момент е изоставувањето на голманот Тобијас Тулин од Пик Сегед. Андреас Палицка, Микаел Апелгрин и Фабијан Норстен од Алборг се триото голмани со кои ќе почне ЕП.
Третиот момент е враќањето во репрезентацијата на крилото Јери Толбринг кој шест години не настапуваше за националниот тим.