Кузмановски: Најубавиот дел од годината е кога играме за Македонија

Нов јануари, ново Европско првенство за машката сениорска репрезентација. Ракометарите од денеска се на собир во Скопје, ќе тренираат тука до петок, а потоа заминуваат во Хрватска, каде што на 28 декември во Пореч ќе одиграат пријателски меч со светскиот вицепрвак. 
Филип Кузмановски од денешниот собир го најави настапот на репрезентацијата на ЕП.

„Среќен сум што пак ќе бидеме дел од репрезентацијата и мислам дека ова е најубавиот дел од годината, кога сите играме и се бориме за Македонија. Пред нас е Европското првенство, имаме тешка група, но и самите имаме свои квалитети и некои шанси. Ќе се бориме, одиме чекор по чекор, имаме доволен период да се спремиме и да анализираме.
Ни следат подготогвки и пријателски натпревари, треба да бидеме максимално спремни за овој настан. Оваа селекција е уште позрела од другите години и секоја година покажуваме квалитет. Македонското првенство исто го подигна нивото на играчите, имаме повеќе дербија и сите играчи што играат во националниот тим имаат свои улоги во клубовите. Тоа ќе биде предност за нас како репрезентација“

Поврзани вести