ЕП 2026: Борзаш остана прва опција за Раул на ЕП

Бекот на Алкалоид, Урош Борзаш, иако сѐ уште недоволно во ритам по повредата на прстот (о)стана првата опција на Раул Гонзалез на Европското првенство каде што Србија исто како и Македонија ќе игра во градот Хернинг. 
Милош Кос имаше зад себе пауза од два и пол месеци, се појави на подготовките на репрезентацијата, но нема да може да настапи, не е доволно здрав.
Од комбинација отпадна и Марко Милосављевиќ, па Урош Борзаш ќе биде најсилниот адут на левата бековска позиција. 

Поврзани вести