Загреб се засили со бек од ПСЖ

Photo: IHF

Абдулрахман Абди, левиот бек на ПСЖ и на репрезентацијата на Египет е новото име во редовите на хрватскиот шампион Загреб. Тој од Париз доаѓа веднаш и ќе биде на располагање на тренерот на сино-белите уште од почетокот на вториот дел на сезоната. 
Договорот меѓу Загреб и Абди е на една и пол година, до јуни 2027. 

Абдулрахман Абди беше желба на Загреб уште пред да потпише за ПСЖ, пишуваат хрватските медиуми. Тогаш, египеткиот бек го одбрал ПСЖ, но таму конкуренцијата, минутажата и улогата што ја имаше, особено откако тренер стана данскиот стратег Штефан Мадсен не беа тоа што го очекуваше египетскиот бек и веќе подолго време беше познато дека тој ќе замине. Се чекаше крајот на годината, но Загреб одново се врати во игра за неговиот потпис и овој пат беше постигнат договор. 
 

Поврзани вести