Дика Мем бира меѓу Берлин и ПСЖ

Foto: mkdhandball/Radovan Vujovic

Трансферот на Дика Мем во Берлин и составување на најдобриот пар десни бекови заедно со Матијас Гидсел во Фуксе Берлин се чинеше како готова работа, но во моментов зад кулисите се водат преговори што можеби ќе доведат со понаков развој на настаните.
Боб Ханинг, човекот со можеби најголемо влијание во Бундеслигата откри нови детали околу неговиот трансфер.

„Дика Мем има понуда да се пресели во Берлин што е спремна за потпишување. Сега тој бира меѓу Берлин и Пари Сен Жермен“, изјави за германските медиуми Ханинг.

Парижаните си имаат свои адути, на крајот на денот Дика Мем е Французин, а нивниот буџет дозволува слободно да се трка за кој било играч со кој било клуб.
Берлин има свои адути, покрај финансиската понуда тука се и амбициите, играњето во најсилната лига, а и можноста да се биде дел од поинаков дрим тим.
Дика Мем, се чини уште неопределно време ќе биде тема што ќе ги освојува насловите.








 

Поврзани вести