Ристевски: Гордост е да се игра за репрезентацијата

Photo: RFM

Новата година можеби ќе донесе пресврт во кариерата на младиот битолски пивот Самоил Ристевски. Тој веќе има искуство од играње на Европско првенство, но во младинска конкуренција. Сега се бори за место во тимот во најсилниот национален состав, за настап на своето прво сениорско ЕП.
Ристевски беше дел од македонскиот тим што играше на натпреварот во Пореч, против тимот на Хрватска. Таа фаза заврши, на ред е Турнирот во Швајцарија и Европското првенство.

„Да се настапува за македонската репрезентација во земја каде што ракометот е спорт број еден претставува огромна чест и посебно задоволство. За мене „црвено-жолтиот“ дрес е гордост и светост и секогаш ќе го носам со максимална одговорност. Се надевам дека и понатаму ќе бидам дел од националниот тим и ќе придонесам во остварувањето на добри и значајни резултати“, вели младиот пивот.

„Со поголемиот дел од соиграчите се познаваме од порано, па адаптацијата беше многу полесна. Сите ми помогнаа да се чувствувам како да сум одамна дел од тимот. Полека се вклопувам и во системот на работа, кој не ми е непознат, бидејќи и во младинските репрезентации работевме на сличен начин.

Со нетрпение ги очекувам натпреварите против силни селекции како Португалија и Данска, но никако не смееме да ја потцениме Романија, која располага со квалитетен состав. Во Хернинг одиме со јасна цел – да се докажеме и да го постигнеме најдобриот можен резултат.

Поврзани вести