МРК Куманово промовираше нов тренер

Фото: МРК Куманово

Екипата на МРК Куманово мина низ турбулентна полусезона која финишираше со играчки и тренерска смена. 
Кумановчани го промовираа новиот тренер со кој во пролетниот дел ќе се борат во Плејаут лигата за опстанок во најсилното друштво. 
 

Српскиот ракометен стратег Александар Радосављевиќ е нов шеф на стручниот штаб на македонскиот суперлигаш МРК Куманово. Договорот помеѓу двете страни е со важност од две години.
Радосављевиќ зад себе има богато ракометно искуство и последниот негов ангажман е како тренер на РК Леотар.
Во неговата кариера ги има водено и клубовите на МРК Горажде, МРК Врање, МРК Металац Краљево, МРК Зајечар, МРК Железничар од Сараево како и женските српски тимови на ЖРК Напредак, ЖРК Бамби Пожаревац, ЖРК Металац и грчкиот Орми Патрас.
Овој искусен ракометен стратег во своето богато портфолио ја има водено женската јуниорска репрезентација на тогашната Србија и Црна Гора,машката кадетска репрезентација на Србија како и машкиот сениорски тим на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Поврзани вести