ТРЕНСФЕРИ ЖЕНИ: Будуќност со серија потписи, Ѓер го доби најдобриот пивот...

Фото: ЖРК Будуќност

Унгарскиот тим ФТЦ Ференцварош објави дека потпишале продолжување на договорите со двете најпознати ракометарки во нивниот тим.
Во петокот потпис на нов договор стави холандското крило Ангела Малестајн, а денеска нов договор на две плус една година потпиша и најдобрата германска ракометарка Емили Фогел (Болк).

Екипата на Ѓер во следната сезона ќе биде посилна на линијата со најдобриот пивот од неодамна завршеното Светско првенство – Сара Букти од Франција. Ракометарката на Мец се обврза на договор до 2028.

Екипата на Мец, свесна дека нивниот најдобар играч, пивотот Сара Букти ќе замине од нивниот клуб веќе се договори со две ракометарки што ќа треба да ја пополнат празнината. Тоа се Лилу Пинта и Линди Чапчет.

Црногорскиот шампион Будуќност потпиша продолжување на договорите со поранешната врардарова ракометарка Итана Грбиќ, како и со Армел Атингре, Јелена Радивојевиќ, Јелена Вукчевиќ, Ивана Годеч, Дуња Радевиќ, Нина Булатовиќ...

Емили Арнзен, норвешка ракометарка која игра на позиција лево крило во данскиот тим Икаст, следните две сезони ќе биде играч на романскиот тим Влчеа. 

Шампионот на Романија, екипата на ЧСМ Букурешт е блиску до договор со репрезентативниот голман на Романија, Јулија Думанска. 

Поврзани вести