СЕРАФИМОВ: Да покажеме како се игра за репрезентацијата

Фото: РФМ

Иако има само 26 години, Мартин Серафимов ќе биде еден од поискусните ракометари во македонската репрезентација, дел од играчите што имаат најмногу минато на теренот и ќе мора да биде еден од столбовите на тимот на најмалку трите натпревари што и претстојат на Македонија на ЕП 2026.

Македонија од 16 јануари го почнува настапот на ЕП, прв противник четирикратниот (по пред) Светски шампион, сега и домаќин на првенството и прв фаворит за златниот медал. Нашиот тим се подготвува во Скопје, ги одработува последните тренинзи пред заминувањето на турнир во Швајцарија од каде ќе продолжи за Данска.


Првата фаза беше повеќе посветена на физичката подготовка, сега повеќе ќе влегуваме во деталите на тактичкиот дел.
Желбите и очекувањата, секако се да го минеме првиот дел, но противниците се силни, а пред нас е голем и тежок предизвик. Наше е да дадеме максимум. Спортскиот аспект е на секој натпревар да играме за победа. Данска и Португалија имаат поквалитетни репрезентации, многумина ќе се сложат со тоа. Данска е со години на самиот врв, а Португалија на последното Светско првенство покажаа дека и тие се дел од светиот врв. Да не ја заборавиме и репрезентацијата на Романија, таа е почитувана репрезентација, не ја запоставуваме, но така и по редослед ни доаѓаат натпреварите.
Нас ни останува да влеземе ‘јако’ на сите натпревари, да покажеме како се бориме за Македонија и резултатот ќе дојде сам по себе“, изјави Серафимов. 

Поврзани вести