Барса ќе почека за браќата Кошта

Photo: IHF

Идејата на Барса да се „сврти“ кон Мадс Хоксер како замена за Дика Мем, можеби не е лоша, ако се прочита внимателно интервјуто на португалскиот „Жого“ со Рикардо, Мартим и Франциско Кошта.
Недвојбено, Барса ќе се обиде да го ангажира најмалку леворакиот Кико, а не е исклучена можноста и Мартим да го облече нивниот дрес. Па сепак, можеби ќе почекаме за реализација на такво сценаро.

„Во светскиот ракомет, а особено во европскиот нема пари“, изјави Рикардо Кошта, таткото на славните браќа кој воедно им е и тренер во Спортинг. Тој апострофираше дека пред 25 години било едноставно да се плати милион евра за Икер Ромеро или 750.000 евра за Ален Муратовиќ, а сега четврт век подоцна, уште важат истите суми за врвните играчи. Но, тогаш можело да се купи куќа за 50-60.000 евра, а сега нејзината цена е 700.000 што е факт дека ракометната економија стагнира.

Двајцата браќа, пак, истакнаа дека еден ден би заминале во странство, но дека тоа не е итна работа и дека многу тешко дека ќе биде во следната сезона.

Поврзани вести