-
06.1.2026
-
Македонски ракомет
Фото: РФМ
Репрезентацијата на Македонија во состав што е конечен, заминува во Швајцарија каде што ќе учествува на турнирот „Yellow Cup“. Тоа е турнир кој со традицијата и бројот на изданија се носи со ТВ Турнирот во Добој, Турнирот во Струга и романскиот „Трофеј Карпати“ .
Прв пат е одржан во 1972 година како турнир за клубови, но брзо станал турнир на кој играат репрезентации и со години е во календарот на швајцарската репрезентација.
Викендов ќе се одржи 52 издание на турнирот на кој низ годините учествувале речиси сите познати репрезентации.
Селекторот Кирил Лазаров во Швајцарија, а оттаму и на конечната дестинација во Хернинг ќе води 19 ракометари. Последните двајца што отпаднаа од списокот се Томислав Јагуриновски и Мартин Ивановски.
СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА
Голмани: Никола Митревски, Иван Галевски, Мартин Томовски
Крила: Петар Атанасијевиќ, Иван Џонов, Никола Костески, Ненад Костески
Бекови: Филип Кузмановски, Дамјан Митев, Марко Митев, Игор Ѓоргиев, Павле Атанасијевиќ, Мартин Серафимов, Мартин Велковски
Пикери: Жарко Пешевски, Марко Стојковиќ, Михаил Аларов, Самоил Ристевски, Никола Марковски
РАСПОРЕД НА ТУРНИРОТ
Четврток, 8 јануари
18:00 Швајцарија – Украина
20:30 Македонија – Бахреин
Петок, 9 јануари
17:45 Македонија – Украина
20:15 Швајцарија – Бахреин
Сабота, 10 јануари
15:30 Бахреин – Украина
18:00 Македонија - Швајцарија
Поврзани вести