„Идниот“ вардарец ќе го пропушти ЕП 2026

Photo: RD LL Grosist Slovan

Хрватскиот репрезентативец Леон Љевар, во моментов ракометар на Слован, инаку тесно поврзуван и нашироко најавуван за трансфер во Вардар 1961 следната сезона, нема да биде дел од репрезентацијата на Хрватска на претстојното Европско првенство што ќе се одржи во Данска/Шведска/Норвешка.
Младиот бек шутер има повреда на медијалниот менискус и место на ЕП ќе оди на операција.
Добрата вест за Љевар е дека паузата нема да биде долга и ќе биде надвор од теренот околу еден месец.

Поврзани вести