Победа на Португалија, пораз на Романија

Photo: IHF

Португалија, репрезентацијата со која Македонија ќе ги одмери силите во второто коло од Европското првенство, одигра два контролни натпревари со репрезентацијата на Бахреин со која, пак, Македонија ќе игра утре (20:30ч) во Швајцарија во рамки на 52 издание на турнирот „Yellow Cup“.
На првиот натпревар Португалија славеше победа од 39-29, а на вториот што се играше во три третини, исто така победија Португалците со 40-28 (13-14, 14-7, 13-7).

Романија, третиот противник на Македнија на ЕП 2026 беше гостин на Италија во Трст каде што одигра пријателски меч што заврши со победа на Италијанците од 35-34. Ова беше прва победа на Италија над Романија по 26 години.
Најголемиот романски талент, Даниел Станчуик со девет погодоци беше најефикасниот играч на натпреварот, Калин Деду постгина шест, додека кај Италијанците на чија клупа седи легендарниот германски менаџер Боб Ханинг, Марко Менгон со шест гола беше најдобриот стрелец.

Поврзани вести