Дино Славиќ потпиша за ГРК Охрид

Фото: ГРК Охрид

Дино Славиќ, хрватскиот репрезентативен голман кој минатата недела на натпреварот со Македонија беше играч на мечот и имаше 15 интервенции од кои голем број беа зицери е новата аквизиција на екипата на ГРК Охрид. 
Охридскиот клуб потврди дека потпишале договор со хрватскиот репрезентативец кој на голот на охриѓани ќе комплетира хрватско дуо со Кристијан Пилиповиќ кој во текот на сезоната пристигна во Охрид. 

Дино Славиќ во моментов е голман на француската екипа Лимож, а во неговото резиме од попознати клубови запишани се настапи и за Адемар Леон и Загреб. Неговиот договор почнува на лето и ќе биде важечки до јуни 2028. 

Поврзани вести