Топ вести: Почина легендарен тренер, Главаш се сели кај Парондо, трансфери...

Фото: TSV Hannover Burgdorf

Легендарниот руски тренер Анатолиј Евтушенко почина на возраст од 92 години соопшти прес службата на руската ракометна федерација.
Евтушенко е освојувач на два олимписки златни медали и на еден медал од СП со репрезентацијата на СССР. По распадот, се пресели во Германија, ја водеше селекцијата на Кувајт, женската репрезентација на Австрија и беше дел од своевремено најдоминантниот женски клуб – Хипо од Австрија.

Крилото на Загреб и репрезентативец на Хрватска, Филип Главаш, пред почетокот на ЕП би можел да парафира договор со бундеслигашката екипа Мелзунген.

Десниот бек на Флензбург, Никлас Киркелоке, нема да чека да минат 10 години во странство за потоа да добие даночни олеснувања во родната Данска и во 2027, две години порано ќе врати назад, во екипата на Фредериција.
Киркелоке од редовите на ГОГ во 2019 замина во РНЛ, а оттаму во Флензбург.

Откако објавија прекин на соработката за следниот јуни, односите меѓу Хановер Бургдорф и Кристијан Прокоп до толку се затегнаа што спогодбено се разделуваат шест месеци порано. Тоа значи и предвремен старт на Хуан Карлос Пастор на кормилото на екипата што есенва ја гледавме во Автокоманда на дуел со Алкалоид.


 

Поврзани вести