Екс играч на Металург стана претседател на клуб од Загреб

Фото: РК Дубрава Загреб

Поранешниот ракометар на некогашниот македонски клуб Металург, Златко Хорват презема нова одговорна функција во Хрватска.
Златко Хорват со одлука на УО, стана претседател на Ракометниот клуб Дубрава од Загреб.
Хорват во оваа екипа пристина на почетокот на сезоната, откако клубот испадна од најсилното натпреварување. Крилниот ракометар дојде од редовите на унгарскиот Дабас каде што најде прибежиште откако Металург стави катанец на својата врата.
По неколку месеци соработка, клубот реши целосно да му го предаде водењето на прославениот ракометар.

Поврзани вести